Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари годинава изнесува 27.540 денари и во однос на истиот месец лани бележи раст од 12,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување (24,7 проценти), Уметност, забава и рекреација (18,1 процент) и Транспорт и складирање (16,4 проценти).
Зголемување на просечната месечна нето-плата по вработен во јануари годинава споредено со декември лани е регистрирано, исто така, во Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,6 проценти), Транспорт и складирање (12,9 проценти), како и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (девет проценти).