Благодарејќи на бројните мерки на централните државни банки, криптовалутите земаа нов залет и повторно станаа популарни, пишува Маркет Инсајдер.
Европската централна банка, ФЕД и Банката на Англија најавија купување на хартии од вредност, па исплашените потрошувачи и инвеститори се вртат кон Биткоинот.
Во само еден ден, неговата продажба порасна дури 23 отсто. Другите криптовалути, како етерум во истиот период пораснале преку 15 проценти, додека Коибејз, Битстамп и Битфинекс заедно пораснале 19 отсто.
– Кога станува збор за биткоинот, можеме да речеме дека крипто-кралот гори“, смета Наеем Аслам, аналитичар на Аватрејд.
Тој рекол дека земајќи во обзир дека цената пораснала преку 6.000 долари, што е важно ниво на отпорност, неговата популарност ќе продолжи да расте.