Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека тие нема да пресметуваат глоби и казни за фирмите и граѓаните.

„Преку соопштение посочивме дека ги прекинуваме сите процеси на присилна наплата од страна на УЈП согласно нашите материјални закони по коишто постапуваме, дека нема да изрекуваме казни, односно, глоби“, додаде Лукаревска.