Германија ќе им дозволи на странските работници да влезат за да помогнат во бербата на овошје и зеленчук на фармите, соопшти денеска владата по ублажувањето на забраните воведени поради борбата против ширењето на коронавирусот.

Германското Министерство за земјоделство соопшти дека постигнале договор со Министерството за внатрешни работи да се дозволи влез за 40.000 сезонски работници во април и уште 40.000 во мај, пренесува Банкар.ме.

„Работниците треба да допатуваат со авион, не со автобус, како би се заштитиле од заканата на коронавирусот“, се истакнува во соопштението од Министерството за земјоделство.