Иако важи за фирма со премногу вработени охридското јавно претпријатие “Водовод” деновиве вработува нови привремено вработени работници.

Според договорот што го доставија извори од Охрид за таа намена директорот ќе плати 5 милиони денари или над 80 илјади евра.

Во договорот не се наведува за колкав број работници станува збор ниту што тие ќе работат точно.