Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 2,67 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени во согласност со одлуката од 30.3.2020 година.

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалува 0,50 денари за литар и ќе изнесува 48,00 денари за литар „евросупер БС-95“, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ ќе изнесува 50,00 денари за литар.

Малопродажната цена на „евродизел“ (Д-Е V) се намалува 1,00 денар за литар и ќе изнесува 45,00 денари за литар. Намалување има и кај малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 1,50 денар за литар и ќе изнесува 33,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,921 денари за килограм и ќе изнесува 17,970 денари за килограм.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 48,00 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 50,00 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 45,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 33,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 17,970 (денари/килограм)