Економските последици на пандемијата на коронавирусот би можеле да ја зголемат стапката на сиромаштија во светот за половина милијарди, се вели во извештај на Обединетите нации.
Според извештајот, ова ќе биде првпат сиромаштијата да расте на глобално ниво во последните 30 години.
-Економската криза потенцијално ќе биде посериозна отколку здравствената криза, вели Кристофер Хој од Националниот универзитет на Австралија.
Во извештајот се проценува дека бројот на сиромашни во светот може да порасне за 400 до 600 милиони и оти потенцијалното влијание на пандемијата претставува реален предизвик за ОН, чија цел е искоренување на сиромаштијата до 2030 година.