Централна кооперативна банка АД Скопје во насока на колективните напори за зголемена здравствена превенција, истовремено водејќи грижа за здравјето на клиентите и на своите вработени, овозможува полесен и побезбеден пристап до готовина.
Досегашниот промотивен период кој важеше до 09. април 2020 година, е продолжен и клиентите (физички лица) кои се корисници на кредитни картички од Централна кооперативна банка ќе можат да подигнуваат готовина на банкоматите на Банката без провизија заклучно со 29. април 2020 година!