Агенцијата за кредитен рејтинг „S&P Global” ја намали својата проекција за глобален раст заради пандемијата на коронавирусот, а сега предвидува дека глобалната економија ќе се намали за 2,4 проценти оваа година, при што САД и Eврозоната ќе забележат пад на своите економии за 5,2 односно 7,3 проценти, соодветно.
„Приливот на податоци за економското влијание на мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид-19 помина на ниво од „лошо” на „полошо””, се вели во најновиот извештај на „S&P Global”.
„Сега проценуваме пад на глобалниот бруто-домашен производ од 2,4% оваа година, и пад од 5,2%, или 7,3%, соодветно, за САД и Еврозоната. Очекуваме глобалниот раст да закрепне со стапка од 5,9 проценти во 2021 година“, се вели во извештајот на агенцијата.
Global GDP Growth Forecasts | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
–Q1 CCC– | –New– | |||||||||||
(%) | 2019 | 2020 | 2020 | 2021 | 2022 | |||||||
U.S. | 2.3 | (1.3) | (5.2) | 6.2 | 2.5 | |||||||
Eurozone | 1.2 | (2.0) | (7.3) | 5.6 | 3.7 | |||||||
Germany | 0.6 | (1.9) | (6.0) | 4.3 | 3.3 | |||||||
France | 1.3 | (1.7) | (8.0) | 6.1 | 4.5 | |||||||
Spain | 2.0 | (2.1) | (8.8) | 5.1 | 4.3 | |||||||
Italy | 0.2 | (2.6) | (9.9) | 6.4 | 3.2 | |||||||
U.K. | 1.4 | (2.0) | (6.5) | 6.0 | 3.2 | |||||||
China | 6.1 | 2.9 | 1.2 | 7.4 | 4.7 | |||||||
India* | 5.3 | 3.6 | 1.8 | 7.5 | 6.5 | |||||||
World | 2.9 | 0.4 | (2.4) | 5.9 | 3.9 | |||||||
*Fiscal year ending March. CCC–Credit Conditions Committee. Sources: S&P Global Economics and Oxford Economics. |
Иако овие проекции не се толку драматични како прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд за глобален пад од 3,0 проценти, објавена оваа недела, потегот на „S&P Global”, најверојатно ќе предизвика загриженост за владите и компаниите за потенцијалниот понатамошен пад на нивниот суверен и корпоративен рејтинг.