Драстичен пад на економијата од дури 15% во вториот квартал. Поразителни бројки очекува министерката за финансии Ангеловска. Пикот од корона кризата се очекува токму овој квартал, кога ефектите ќе се почуствуваат најсилно. Но до крајот на годината прогнизира благо опоравување и стабилизација
Наплатата на даночните приходи во буџетот е намалена, но бројките, според Ангеловска најрелевантно е да се соопштуваат на крајот од месецот. Засилено се врши поврат на ДДВ кон компаниите, за да им се подобри нарушената ликвидност. За да се обезбедат пари во буџетот веќе е започнат процесот за издавање еврообзница
Министерката не отстапува од ставот за зголемување на акцизата на горивата. Вели дека иам еконосмка логика како и предуслови при постојан пад на цената на нафтата . Доколку почне да расте на светските берзи, акцизата би се намалила. Мерката, според неа, се носи за доброто на граѓаните и стопанствово, а дали ќе се прифати, ќе зависи од Владата, која го има крајниот збор.