Поради вонредните околности произлезени од корона-кризата (Ковид-19) и изменетите регулативи на надлежните органи, Комерцијална банка АД Скопје во периодот на траење на вонредната состојба ќе ги нуди следните кредити за физички лица:
- Потрошувачки кредит до 1.500.000 денари
- Потрошувачки денарски кредит за пензионери до 100,000 денари
- Кредит со залог на депозит
- Станбен денарски кредит
Наведените производи и нивните услови ќе важат исклучиво за барања за кредит кои ќе бидат одобрени додека траат вонредните околности. Комерцијална банка АД Скопје навремено ќе извести за прекинот на оваа вонредна понуда.