Нова Љубљанска банка – НЛБ после месец и половина работа во силно променети услови и околности, со многу превентивни мерки за намалување на работните места и скратено работно време, денес (28-ми април) ги отвора вратите на уште 20 експозитури низ Словенија – строго придржувајќи се кон превентивните здравствени мерки.
Севкупно, 70 експозитури на НЛБ ќе бидат отворени оваа недела од 8:30 до 13 часот.
Сепак, бидејќи се очекува пензиите да се исплатат во четврток, 30-ти април, експозитурите ќе започнат со работа со редовно работно време од 8 часа.
Доколку здравствените услови се стабилни и подносливи, по првомајските празници, во понеделник на 4-ти мај, работното време на седумдесет и една експозитура ќе биде вратено во нормала, како што беше пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.
„Преостанатите 20 експозитури ќе останат превентивно затворени, во таканаречената резерва, бидејќи во случај на повторна појава на коронавирусот во едно од оперативните места, не можеме да си дозволиме да ја изгубиме целата мрежа во некоја област“, велат од Нова Љубљанска банка – НЛБ.