Намалување на економијата во еврозоната ќе биде меѓу 5 и 12 %.
Ова го очекува Европската централна банка (ЕЦБ) како резултат на големата неизвесност околу економското влијание на коронавирусот, кажа шефицата на ЕЦБ, Кристин Лагард.
По силната рецесија би требало да следи опоравување, доколку рестриктивните мерки постепено се укинуваат, меѓутоа брзината и обемот на тоа опоравување е многу неизвесни.
Падот на економијата во вториот квартал ќе биде уште поголем. Економскиот раст треба да се нормализира во наредните години, а опоравувањето ќе зависи од траењето на рестриктивните мерки.