Во чекување на ублажување на монетарно-кредитните политики на централните банки, како и поради стравот дека можно е да дојде до глобална рецесија, цената на златото расте.
Април беше најдобар месец за цената на златото во изминативе четири години.
„Големата парична поддршка што ја гледаме сега помага да расте цената на златото. Без оглед на тоа што се зголемуваат ризиците, цената на златото уште е над 1.700 долари за унца, иако беше под притисок поради растот на берзите“, тврди аналитичарот на Commerzbank Ојген Вајберг.
Од почетокот на април, цената на златото порасна за 9% до 1.714 долари за унца.
Цената на другите скапоцени метали исто така порасна. Паладиумот забележа поскапување од 3,8% на 2009,05 долари за унца, платината за 0,2% на 776,2 долари за унца, додека среброто е поевтино за 0,2% и се тргува за 15,33 долари за унца.