Владата објави јавниот повик за поднесување барање за утврдување статус на стратешки инвестициски проект, согласно Законот за стратешки инвестиции.
За стратешки инвестициски проекти според критериумите на владата може да се сметаат инвестиции во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на најмалку две или повеќе општини, инвестиции од најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во градот Скопје и инвестициски проекти од најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.