Банката на Англија проценува дека економијата на Велика Британија веќе е во длабока рецесија и дека доживеала пад од три проценти во првите три месеци од оваа година, односно за 25 проценти во кварталот што ќе заврши во јуни, се вели во извештајот на оваа институција.
Извештајот за монетарната политика, најтемелната економска анализа од избувнувањето на пандемијата на коронавирус, предвидува дека стапката на невработеност ќе се зголеми на околу девет проценти.
Ова економско сценарио се заснова на претпоставката дека мерките за блокада во Велика Британија и остатокот од светот постепено ќе бидат укинати на почетокот на следниот месец во период од четири месеци, јави Би-Би-Си.
Иако економското закрепнување се очекува подоцна во текот на годината, Банката на Англија очекува дека тоа нема да се почувствува во најголем дел до следната година.
Се проценува дека економскиот пад во 2020 година ќе достигне 14 проценти, а растот во 2021 година на 15 проценти.
Банката предупреди дека ова не е типична прогноза и дека „можни се многу други сценарија“.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк