Сет на мерки со кои ќе се зголеми јавната, но и личната потрошувачка подготвува Владата, како дел од третиот пакет мерки за спас на македонската економија. Една од опциите е пари да добиваат и граѓаните за да ја зголемат личната потрошувачка која, според Народната банка, годинава значително ќе се намали. Поради корона кризата и стравот од неизвеснота, граѓаните не ги трошат парите и ги купуваат само неопходните работи, а така се намалува побарувачката, но и производството.

ТВ 24 дознава дека се разгледуваат повеќе варијанти, а за оваа мерка се планираат околу 70 милиони евра. Социјалните случаи, невработените, младите, а посебно студентите да добијат еднократна парична помош, која според некои проценки може да стигне и до 10 илјади денари. Парите ќе треба да се потрошот во одредени категории. На пример студентите би добиле еднократна стипендија за да купат ИТ опрема. Секако за да не отидат парите и кај богатите, ќе има механизми за филтрирање според имотната состојба.

Покрај стимулацијата на приватната потрошувачка, предвиден е и раст на јавната потрошувачка преку форсирање на капиталните проекти, и тоа не само за оние чија изградба била планирана сега, туку и за оние што се планирале за подоцна.

И премиерот Оливер Спасовски денеска изјави дека со ребаланост на буџетот нема да се кратат капиталните проекти, кои за годинава се амбициозно проектирани на 374 милиони евра.

„Tреба да останат максимално капиталните инвестиции, оние што ствараат добра економска активност, за да можеме да ги одработиме сите тие проекти. На тоа сме насочени како Влада. Ќе креираме Буџет што ќе може да ја поддржи македонската економија за да биде подготвена да се врати во полна економска активност во моментот кога ќе имаме услови за целосно враќање.“ – изјави Оливер Спасовски, претседател на Влада.

За да се сопре тонењето во долгови на туристичкиот сектор, се размислува за спроведување кампања за поттикнување на внатрешниот туризам. Дома си е дома. Да се летува на македонските плажи и планини. Се разгледува издаваат еден вид на ваучери со кои ќе се купуваат аранжмани.

Освен за турзимот, цел пакет мерки се планира и за домашното земјоделие. Но и нови кредитни линии за компаниите, со различни гарантни шеми. Државата да гаранатира со одреден процент за кредитите што ќе ги земат фирмите за опоравување од кризата.

Новите мерки треба да бидат внесени во ребаланост кој го подготвува Министерството за финансии. Засега никој не окрива што ќе се скрати. Неизвесност постои и за платите на администрацијата. Спасовски вели дека засега нема одлука за кратење.

„Ги гледаме сите анализи што стојат пред нас и засега нема таква одлука. Знаете дека донесовме одлука за намалување на платите на функционерите и тоа беше една од најисправните одлуки токму ние кои имаме најголеми плати во државата да ги намалиме на минимална плата. И покрај одлуката на Уставниот суд платите да останат исти сите функционери веќе ги донираат своите плати во Фондот за солидарност што го формиравме за справување со КОВИД-19“, нагласи Спасовски.

Третиот пакет економски мерки прв го најави лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој сега треба да биде финализиран во Владата, па ќе им се даде на разгледување на стопанствениците.

Од друга страна министерката за финансии Нина Ангеловска со своја логика за актуелната криза:
Министерката за финансии-Нина Ангеловска при своето гостување на „Отворено студио“ јасно покажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

-Единствената правична разумна причина и праведно гледање на работите е следното, не се работи на намалување во услови на криза обична.

Се работи за намалување во услови кога, како ја добиваме сите платата, кога продуцираме и одиме на работа. И не плаќаат за сработеното, добиваме надомест, за тоа што сме го придонеле.

Во ситуација кога половина месец не се работеше, не се одеше на работа, дел поради рестриктивните мерки, дел поради тоа што ротираше администрацијата со секој еден ден, во услови кога е намалена потрошувачката поради не трошење на услуги, не користите возило.

Во услови кога не плаќате кредити бидејќи истите ви се одложени. Еден сосема поинаков контекст кој што не може да се спореди со било која друга криза каде што би рекле ние ќе се стимулира приватна потрошувачка, нагласи Ангеловска.

Ангеловска додаде дека администрацијата нема каде да ги потроши парите, тоа е едниот аспект поради кој треба да им се намали платата.