Според кинеската царинска управа, кинескиот извоз забележа неочекуван раст од 3,5 проценти меѓугодишно за април.
Ова е прво зголемување од декември минатата година. Овој индикатор далеку ги надмина проекциите на економистите кои предвидоа пад на извозот од 15,7 проценти, како и во однос на падот од 6,6 проценти во март.
Некои економисти скокот на извозот го припишуваат на затворањето на фабрики и престанок на производството во други делови на светот, додека кинеските производители во меѓувреме го рестартираат производството по долг период на неактивност поради пандемијата „ковид 19“.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк