Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите фармери дека денеска е исплатена финансиската поддршка за задржано женско јагне и јаре.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појаснува дека на сметките на 3.179 сточари кои имаат задржано женско јагне исплатени се 78.058. 400 денари, а за 1.766 сточари со задржано женско јаре исплатени се 10.516. 100 денари.

Бабовски појаснува дека со оваа мерка директно се влијае на окрупнување на стадата како и на зголемување на производство на млеко.