Владата на Србија ќе започне да ја исплаќа еднократната парична помош за сите граѓани над 18 година во износ од 100 евра. Според проценките досега аплицирале 1 милион граѓани за добивање на помош за справување со КОВИД-19 кризата.

Право на парична помош имаат сите возрасни граѓани на Република Србија, со важечка лична карта и престој во државата. Сè што треба да сторат е да го внесат бројот на лична карта, матичниот број, како и да ја изберат банката преку која сакаат да им бидат платени парите, без оглед дали имаат отворена сметка или не.

Регистрацијата по телефон ќе започне во петок, 15 мај, преку контакт центарот, чиј телефонски број ќе биде објавен во петок наутро.

Корисниците на пензии и финансиска социјална помош се регистрираат автоматски за исплата на оваа финансиска помош, што ќе започне за нив во петок.

За да ги поддржат граѓаните во време на криза предизвикана од епидемијата на Ковид-19, Владата на Република Србија донесе одлука да им овозможи на сите полнолетни граѓани кои живеат во земјата и имаат валидна лична карта да добијат еднократна помош од 100 евра во динари.