Девизниот курс на еврото на меѓународните девизни пазари ослабна по неуспехот на Грција да постигне договор со доверителите, што уште повеќе го поттикна стравувањето за банкрот на Грција и нејзиниот потенцијал за излез од еврозоната. Девизниот курс се намали за 0,8 проценти во однос на доларот на 1,0907 $. Еврото ослабна и во однос на јенот за 0,7 проценти на 135,46 ¥.
Преговорите на Атина со доверителите во еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) веќе неколку месеци наидуваат на ќор-сокак, на тоа еврото реагира и на најмалите сигнали за нови пречки, односно напредок кон конечен договор.
Според аналитичарите, без договор на Атина за неколку недели и се заканува ситуација каде повеќе не ќе може да ги исполнува своите обврски, а тоа води кон банкрот. Во петок 5 јуни, истекува крајниот рок за отплата на долгот кон ММФ, апрограмот за меѓународна финансиска помош истекува на 30 јуни.
Во услови на слабеење на еврото, долар индексот се зголеми за 0,3 проценти на 97,358 поени. Со тоа е се поблиску до највисокото ниво во последнот месец дена од 97,775 поени, на кои се искачи минатата недела.
Инвеститорите ги игнорираа вестите од минатиот петок дека бруто домашниот производ на САД (БДП) е намален во првиот квартал поради тоа што се верува дека тоа не е веројатно да ги намали шансите за зголемување на каматните стапки во втората половина на годината.