TUIfly Белгија ги објави плановите за започнување на сезонските летови помеѓу Брисел и Охрид за престојната летна сезона.
Според првичниот план, услугите требаше да започнат на 6-ти јуни со динамика од еден лет неделно, секоја сабота. Поради пандемијата, флотата на TUIfly Белгија во моментов е приземјена, а од компанијата како следен можен датум за продолжување со нормална работа го посочуваат 18-ти јуни, јави порталот exyuaviation.com.
Покрај TUIfly, и неколку други авиокомпании кои требаше да започнат со летови за Македонија ова лето, ги откажаа плановите поради пандемијата на коронавирусот COVID-19. Меѓу нив се и SunExpress со летовите од Измир до Скопје и Israir од Тел Авив.
Групацијата TUI објави дека ќе отпушти 8.000 работници во обид да ја надмине тековната криза.