Цените на нафтата на мегународните пазари нагло падна, во фокусот е вишокот на понуда во пресрет на состанокот на Организацијата на извознички на нафта (ОПЕК), а дополнителна тежина добива и од посилниот долар. На лондонскиот пазарот цената на нафтата се намали за 1,75$ во однос на претходното затворање, на 63,74 $, што претставува намалување од 2,5 проценти. На американскиот пазар нафтата падна за 1,40 $ или 2,25 проценти во однос на претходното затворање, на 59,86 $.
Клучните членови на ОПЕК се согласни дека производствениот плафон нема да се промени на состанокот во петок, изјави високиот претставник на Персискиот Залив во ОПЕК.
“Постои консензус помеѓу членките на ОПЕК од Персискиот Залив, како и другите, дека нивото на производство треба да остане непроменето. Никој не сака да се издвојува. Се очекува мирен состанок”, изјави високиот претставник на ОПЕК.
Министрите на државите на нафтениот картел оваа недела во Виена ја потврдија оценката на инвеститорите дека големите производители на нафта од Блискиот Исток ќе продолжат да произведуваат нафта со максимален интензитет во наредните месеци, со очекување дека пониските цени ќе ги исфрли од колосек поедини конкуренти.
Саудискиот министер за нафта Ali al-Naimi на конференцијата организирана од страна на нафтениот картел ОПЕК во Виена изјави дека ОПЕК “во моментов ја задоволува глобалната побарувачка” и дека тоа по негово мислење не треба да се менува.
ОПЕК во моментов произведува околу два милиони барели на ден повеќе отколку што е потребно, со што се полнат светските залихи.
Некои аналитичари предупредуваат на можноста ОПЕК да го подигне плафонот на производство. “Со зголемување на геополитичките ризици за снабдување од Блискиот Исток и Северна Африка, малку е веројатно дека ОПЕК ќе ги намали квотите, но може да ги зголеми,” изнесоа аналитичарите на Barclays.