Одборот на директори на Македонска берза, на 12.06.2020 година (петок) ја одржа конститутивна седница, откако беше избран од страна на Собранието на акционери на Берзата што се одржа на 29.05.2020 година.
Согласно собраниската одлука за избор на членови на Одборот на директори на Берзата сите досегашни членови на Одборот продолжија да ја извршуваат оваа функција и во новиот мандат во времетраење од четири години.
На конститутивната седница за Претседател на Одборот во овој мандат е избран г-дин Тони Стојановски.
Согласно наведеното Одборот на директори на Берзата е со следниот состав:
- Тони Стојановски – претседател
- Коста Костовски
- Петар Трпески
- Михајло Брова Зиков
- Иван Штериев
- Билјана Цветковска
- Горан Анастасовски- независен член
- Иван Мишев – независен член.
Повеќе информации погледнете на линк.