Голем број прашања и поплаки за платежната картичка „Купувам домашно“. На адреса на Владата до истекот на рокот пристигнале околу 50 илјади мејлови.
Околу 50 илјади мејлови со приговори и прашања пристигнале на адреса на Влада за платежните картички „ Купувам домашно“. Пред истекот на рокот за приговори денеска точно напладне. Од Влада велат дека се уште вршат селекција колку од приговорите се граѓани а колку се само прашања.
„ По завршувањето на селекцијата од надлежните институции ќе се знае
точно бројот на приговори и за истото јавноста ќе биде веднаш
информирана.“ – велат до Влада
Додека владата ги разгледува приговорите, на терен пред банките гужви,и долги редици за платежна картичка. Од Македонската банкарска асоцијација апелираат граѓаните дека секоја банка има свои протоколи како ќе ги дели картичките на граѓаните.
„ Согласно важечките политики и процедури, повеќето банки, издавањето на домашната платежна картичка го организираат на начин што на клиентите, доставуваат СМС-пораки со информации за филијалата или експозитурата, датумот и часот за подигнување на картичката за секој клиент одделно. Заради заштита на јавното здравје, апелираме корисниците на домашна платежна картичка да ги следат информациите што банките ги доставуваат до нив во врска со начинот и терминот на подигнување на картичката. “- велат од МБА.
Владата одлучи, платежна картичка да добијат околу 350 илјади граѓани од повеќе категории и тоа: средношколци, студенти, млади до 29 години, невработени и тие со ниски приходи.
Вкупниот Буџет за оваа мерка изнесува 28 милиони евра.
Сепак, распределбата на средствата предизвика бројни рекации, особено од пасивните – невработени. Но, и од тие кои ги исполнуваат критериумите но сепак не с енашле на листата на добитници на платежна картичка.