Слушнав расправа во Франција за отпис на долговите од страна на централната банка, но тоа не е опција за ЕЦБ, вели во интервју за Мондо членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета.
Европската централна банка ја отфрли можноста за отпис на долговите на државите, идеја што ја предложија некои економисти со цел државите подобро да се справат со последиците од пандемијата.
– Слушнав расправа во Франција за отпис на долговите од страна на централната банка, но тоа не е опција за ЕЦБ, вели во интервју за Мондо членот на извршниот одбор на ЕЦБ, Фабио Панета.
Покрај законските ограничувања кои забрануваат таква пракса, граѓаните би ризикувале да изгубат доверба во валутата и би дошло до финансиско пореметување објаснува Панета.
Панета не сака да се повтори искуството со Германија од 20тите години на минатиот век, период на хиперинфлација, кога граѓаните со колички пренесувале пари кои ја изгубиле својата вредност.
Тоа не е начин за создавање просперитет и затоа договорите забрануваат монетарно финансирање, додава тој.
Во моментот кога државите од Еврозоната мораа масовно да се задолжуваат поради рецесијата предизвикана од пандемијата од корона вирусот, ЕЦБ ја зголеми програмата за помош за 600 милијарди евра за откуп на државни и приватни обврзници.