Доларот на меѓународните пазари ослабна, откако медиумите објавија дека американската влада, наводно е незадоволна од силниот долар.
Еврото во однос на доларот зајакна на 1,1156 $, што значи раст од 0,4 проценти во споредба со предходното затворање.
Поддршка еврото добива од растот на приносите на германските државни обврзници, а во корист се и најновите податоци на германското индустриско производство, кои ги надминаа очекувањата на пазарот.
Вредноста на доларот забележа сличен процентен пад и во однос на јенот и ослабна на 125,15 ¥, откако во петокот во еден момент достигна највисоко ниво во последните 13 години од 125,86 ¥ по објавувањето на охрабрувачките вести од пазарот на трудот во САД.
Во фокусот на пазарот се изјавите на американскиот претседател Барак Обама во врска со вредноста на доларот.
“Вредноста на доларот е под притисок утринава поради медиумските наслови за изјавите на Обама за силениот долар. Сепак, доларот зајакна на крајот на тргувањето минатата недела, а американските економски индикатори, особено за растот на просечните плати, се чини дека одат во прилог за зголемување на каматните стапки. Очекуваме дека ќе се зголемат во септември “, изјави Alvin Tan, стратег за валути во Societe Generale.
Според анкетата на Ројтерс, спроведена по извештајот за вработувањето во САД, еден од водечките банкари од Wall Streeta очекува ФЕД да отпочне со зголемување на каматните стапки во септември, а потоа да се следи уште едно покачување пред крајот на годината.
Претседател на огранокот на ФЕД во Њујорк, William Dudley во петокот изјави дека очекува ФЕД да биде во позиција да ги зголеми каматните стапки во втората половина на годината, иако изрази загриженост во врска со напредокот на пазарот на трудот во САД.
Од важните вести од светската економија се издвојува скок на јапонската економија од 3,9 проценти во првиот квартал. Иако податоците е посилни отколку што се очекуваше, тоа на пазарите не предизвика значајни реакции.