Задолжувањето минатиот месец изнесуваше 55,2 милијарди фунти.
Економијата на Велика Британија е во многу тешка кондиција откако за прв пат во последниве 57 години јавниот долг на земјата надмина 100 отсто од БДП. Минатиот месец трошоците пораснале, а приходите од даноци беа намалени па земјата мораше да се задолжи со 55,2 милијарди фунти.
Бројките покажуваат дека трошоците на владата пораснале за речиси 50 отсто за само еден месец, додека приходите забележале намалување од 28 отсто.
Нето долгот, вклучувајќи ги тука и програмите на банката на Англија, скокна до 100,9 отсто од БДП.
Претходно се прогнозираше дека буџетскиот дефицит во моменталната фискална година ќе изнесува околу 55 милиони фунти, меѓутоа, сега се верува дека тој ќе биде многу поголем.