Акциите во германскиот процесор за плаќање „Wirecard“ пропаднаа откако ревизорите „Ернст & Јанг“ пријавиле лажни парични биланси, пријавени од трети лица и недоволни докази за постоењето на 1,9 милијарди евра на сметки за штедење што се чуваат во две азиски банки.

Wirecard издаде изјава во која се вели дека постојат индиции дека менаџментот на средствата се обиделе да го „измамат ревизорот и да создаде погрешна перцепција за постоењето на вакви финансиски салда“ се пренесува во извештајот на ревизорите.

Цената на акциите падна за 66% бидејќи пазарот реагираше на последната тешкотија на проблематичната фирма, која веќе го одложи објавувањето на својот годишен извештај три пати.

„Фајненшл тајмс“ објави во октомври дека персоналот на „Wirecard“ се согласил лажно да ја надуе продажбата и профитот на подружниците во Дубаи и Даблин и да го измами ревизорот.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк