Потрошувачите ширум светот поради пандемијата на коронавирус го забрзуваат веќе брзиот тренд на движење кон безготовинска економија, пренесува „Аксиос“.
Бидејќи купувачите го напуштаат купувањето во продавници и го заменуваат со купување преку интернет, многумина бегаат од готовинскиот начин на плаќање и го заменуваат со „безконтактни“ кредитни и дебитни картички.
Употребата на банкомати и готовина во време на пандемијата се намали за 32 проценти, велат од „Visa”, при што 63 проценти од потрошувачите користат во целост помалку пари. Падот не само што е воден од практичност, туку и поради перцепцијата дека „парите се валкани, а терминалите за плаќање носат микроби“.