Иако монетарниот стимул може да ги олесни финансиските пазари на краток рок, огромната сума на долг, како резултат, ќе создаде негативни последици за економијата на долг рок, вели добро познатиот инвеститор Џим Роџерс, чиј квантен фонд вратил 4.200 % во првите десет години.

Пред шест месеци, Соединетите држави беа најголемите должници во историјата на светот. Никој досега не должел толку многу. Оттогаш, Соединетите држави го зголемија својот долг за неколку милијарди.

„Ако ми дадете неколку трилиони долари, ќе ви покажам многу, многу добра забава“, рече тој.

Следниот финансиски пад би можел да биде уште полош од оној што го видовме годинава, предупредува Роџерс.

“Ова беше секако најлошото нешто во мојот живот. Потоа, имавме големо закрепнување бидејќи владите печатат насекаде и трошат неверојатни суми пари, но тоа само значи дека ќе биде уште полошо следниот пат”.

Што се однесува до златото, Роџерс рече дека цените сè уште имаат многу простор за раст.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк