Зоран Заев, мандатарот за составување на новата Влада, денеска при посетата на Македонска Каменица одговарајќи на новинарско прашање рече дека Фондот за пензиско осигурување може да ја издржи предложената мерка во новата владина програма во која стои ќе може еден осигуреник максимум пет години предвремено да замине во пензија доколку се согласи пензијата да му биде помала.

„Фондот за пензиско осигурување е во добра кондиција, приходите се до 8 проценти зголемени во корона-кризата. Пред кризата приходите  растеа 12 до 13 проценти. Фоднот сега е стабилизиран“, рече претседателот на СДСМ.

Заев наведе дека за сите економски мерки ќе бидат консултирани синдикатите, работниците и коморите.