Во март идната година, до новата современа автобуска станица во Охрид ќе биде отворен Ohrid Mall
Според најавите, Охрид ќе добие современ објект на површина од 17.500 м2, 150 паркинг места, лоциран на само 900 метри од строгиот центар на градот.
Повеќе од 40 реномирани домашни и странски брендови ќе закупат деловен простор во објектот кој е со современ изглед и ќе биде вистинско освежување во понудата на Охрид, како најголем туристички центар во државата.
– Време е за вистински шопинг, порачуваат од Ohrid Mall.