Кока Кола денес објави дека ќе укине најмалку 4.000 работни места во Канада, САД и Порторико. Во соопштението на глобалниот гигант се наведува дека во рамките на новата стратегија, ќе се случи прераспределба на работници и ресурси.
Менаџментот на компанијата исто така започна програма за доброволно заминување за да се избегнат присилни отпуштања.
Програмата нуди подобрени бенефиции и прво ќе им биде понудена на најмалку 4.000 работници во Канада, САД и Порторико.
„Слична програма ќе се понуди во многу земји низ светот“, се вели во соопштението на компанијата, која има намера да ги намали оперативните трошоци од 350 до 550 милиони долари.
Кока-Кола исто така планира да ги намали оперативните единици од 17 на девет.