Четворица браќа од Њујорк го измамиле „Амазон“ и заработиле најмалку 19 милиони долари за две години.

Според обвинението, браќата праќале погрешни производи до „Амазон“, нарачани од малопродажбата, а ги наплаќале по многу високи цени за еден производ.

„Амазон“, најголемиот онлајн продавач во западната економија, ја открил измамата што им донела на измамниците најмалку 19 милиони долари.

Интернет трговецот од Сиетл е честа мета на напади, но досега не е регистриран ниту еден познат случај на измама. Четворицата браќа од Њујорк, кои наплаќале „мрсни“ суми за нивните производи, успеале да го надитрат џиновскиот трговец, а американското Министерство за правда веќе поднело обвинение за случајот.

Списанието „Wired“, кое опфаќа теми од светот на технологијата, пишува дека браќата, на возраст од 24 до 32 години, праќале и наплатувале повеќе производи за малопродажбата преку Интернет, отколку што било нарачано.

Еден од примерите е нарачување дванаесет кутии спреј за дезинфекција, каде што еден спреј чини 94,03 долари. Наместо тоа, браќата праќале 7.000 четки за заби, што ги фактурирале по цена како скапиот спреј и издале фактура на 650.000 долари.

Уште похрабар е случајот со парфемите, од кои еден чини 289,78 долари. Наместо тоа, браќата праќале 927 парчиња ефтини жилети, од кои едно парче чинело како и еден парфем.

„Амазон“ им нуди на трговците на мало неколку форми на продажба на нивните производи. Платформата може да се користи и како вистинска продавница, од каде што се купува преку Интернет. Браќата работеле со „Амазон“ токму на тој принцип, вклучени како голем трговски партнер.

Бидејќи „Амазон“ сега буквално ги продава сите можни производи, поради големиот сообраќај и широкиот избор, тој се потпира на алгоритми и физички работници. Соработката со некои помали добавувачи е целосно автоматизирана, што ги прави лесна цел за криминалците.

Браќата свесно го изиграле системот и знаеле дека кога тогаш ќе бидат откриени, па упорно креирале нови сметки.

Сите четворица, меѓудругото, сега се обинети за нелегален пренос на стока и перење пари.

После ова се очекува „Амазон“ да ја промени својата платформа, но сè уште не соопштил дали и кога ќе бидат воведени овие промени.