Мерки за спас на фирмите, а не општи генерални претпоставки за економски раст и развој. Укинување на фискални давачки, кратење на непродуктивната администрација и повеќе пари за приватниот сектор се дел од забелешките на стопанските комори во земајва на собраниското експозе на владината програма на мандаторот Зоран Заев.
Ребаланс на буџетот и пренасочување на повеќе средства кон компаниите, бидејќи последиците од пандемијата допрва следат, реагираат од северозапдната комора. Економски раст од 4 проценти колку што зацртал Заев е возможно теоретски, но само ако преживее стопанстовто во наредните месеци.
20 отсто намалена администрација во наредните 4 години е добар план на идната влада согласни се коморите. Но, треба да се реалзира, а не само да се ветува со децении. Комирите стравуваат и до раст на јавниот долг, презадолжување на државата аспкети ко итреба да ги има предвид идната влада. Според нив главните сектори треба да бидат економијт,а здравството и образованието.