Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка од денес, 2.9.2020 година започнува со исплата на парична помош од социјална и детска заштита.
Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, од денес, клиентите ќе можат ги подигнат средствата од парична помош од социјална и детска заштита на банкоматите во секое време, додека исплатата во експозитурите на Банката ќе се реализира согласно определен редослед. Распоредот е направен по азбучен редослед, според првата буква од презимето на корисниците и тоа:
– 2 септември (среда) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 3 септември (четврток) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 4 септември (петок) – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Со цел заштита на здравјетo, од банката препорачуваат средствата првенствено да се користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Доколку клиентите имаат потреба од готовина, од НЛБ Банка препорачуваат подигнувањето на средства да се врши на банкомат.
При посета на експозитура, од банката замолуваат за почитување на превентивните мерки, носење заштитна маска, чекање ред на обележаните места и држење растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.