Во услови на отежната можност за плаќање на кредитните рати, УНИ банка АД Скопје повторно им излегува во пресрет на своите клиенти кои се соочуваат со финансиски проблеми. Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата, предизвикана од ковид-19, врз економијата и врз животот на граѓаните, УНИ банка, како општествено одговорна компанија, ќе овозможи втор период на одложена отплата на кредитни продукти.

Понудата се однесува на клиенти – физички лица, кои веќе користат олеснување во отплатата на кредитните обврски, но сѐ уште се соочуваат со потешкотии поради престанок на работен однос, како и намалени месечни примања на кредитокорисникот.

Услови кои се нудат со понудата, за кредитни продукти со ануитетска отплата (потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити), се: грејс период на отплата на месечните ануитети (главница и камата) од 6 месеци и пролонгирање на рокот на важност на договорот, соодветно на одобрениот грејс период.

Грејс период од 6 месеци е даден и за кредитните картички, а во тој период УНИ банка единствено ќе пресметува и ќе наплатува камата.

Кај кредитните картички кои достасуваат за времетраењето на грејс периодот, банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

Кај дозволените пречекорувања кои достасуваат во периодот од 2 септември до 2 март 2021 година, банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

УНИ банка АД Скопје ја креираше понудата согласно препораките на Народната банка и Уредбата на Владата и на своите клиенти им нуди можност и олеснителни околности во овој потежок економски период, време кога економската кондиција претпоставено е отежната.