Министерот за финансии Фатмир Бесими е именуван за гувернер на Македонија во Европската банка за обнова и развој. Одлуката е донесена на денешната владина седница.

„Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука, престанува да важи Одлуката за именување на гувернер на Република Северна Македонија во Европската банка за обнова и развој од 10 септември 2019 година“, информираат од владината прес- служба.