Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од денеска се пониски за 0,5 денари по литар, во однос на цените утврдени со одлуката од минатата недела и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,5 денари за литар, додека цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 61,5 денари.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е В), се намали за 1,5 денари и ќе изнесува 50,5 денари по литар.
Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава за 50,5, а мазутот М-1 НС за 25,956 дененари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување и тоа: на бензинот за 3,103 %,на дизелот за 5,626%, на екстра лесното масло за 5,358% и на мазутот за 2,497% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,64%.