Податоците на веб страната на Министерството за финансии преку алатката на следење на реализацијата на капитални инвестиции покажуваат дека реализацијата на капиталните расходи на институцииве во земјава е само 39,52%, заклучно со 31.08.2020, па од планираните 318,606,037 евра, реализирани се само 125,926,324 евра за осум месеци.
Кај Министерствата податоците покажуваат дека над 50% задоволително ниво на реализација на капиталните инвестиции имаат само три министерства и тоа: Министерство за финансии со 76,67%, Министерство за култура со 55.79% и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со 61,39% на реализација.
До 20% реализација на капитални инвестиции имаат пет министерства и тоа: Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците со процент на реализација од 2.36%, Министерство за одбрана со процент на реализација од 10.07%, Министерство за внатрешни работи со 9,23% , Министерство за економија со 8.77%, Министерство за локална самоуправа со 4.11%
Останатиот дел од министерствата остваруваат реализација на капитални инвестиции кои се помеѓу 20% и 50% такви се: Министерство за правда со 43.64%, Министерство за надворешни работи со 20.58%, Министерство за животна средина и просторно планирање со 33.12%, Министерство за транспорт и врски со 31.62%, Министерство за труд и социјална политика со 24.11%, Министерство за образование и наука со 35.39%, Министерство за информатичко општество и администрација со 26.97%, и Министерство за здравство со 24.02%.
Меѓу останати институции кои не бележат или бележат реализација на многу ниско ниво на капитални инвестиции се: Претседател на Република Македонија со 3.04%, Собранието на Република Македонија со 0.59%, Државниот завод за ревизија со 2.27%, Државната комисија за спречување на корупција со 0.04%, Оперативно-техничката агенција со 5.11%, Државното правобранителство со 1.13%, Секретаријатот за европски прашања со 0.08%, Агенцијата за остварување на права на заедниците со 0%, Центарот за управување со кризи со 4.21%, Агенцијата за национална безбедност со 0.77%, Инспекторатот за употреба на јазиците со 7.11%, Агенцијата за стоковни резерви со 6.46%, Управата за јавни приходи со 6.32%, Државниот завод за заштита на индустриска сопственост со 0.36%, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделието – Битола со 0.11%, Бирото за развој на образованието со 9.07%, Државниот просветен инспекторат со 0%, Државниот управен инспекторат со 1.85%, Комисија за односи со верските заедници со 0%, Комисијата за заштита на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер со 0%, Бирото за судски вештачења со 0%, Бирото за регионален развој со 2.54%, и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување со 0.12%.
Најголема реализација на капитални инвестиции имаат: Државниот инспекторат за локална самоуправа со 81.18%, Државниот санитарен и здравствен инспекторат со 75.44%, Финансирање на дејностите од областа на културата со 64.08%, Државниот инспектортат за труд со 88.99%, Државниот инспекторат за шумарство и ловство со 70.58%, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој со 62.03%, Управата за хидрометеролошки работи со 79.19%, Државниот инспекторат за транспорт со 93.74%, Државниот инспекторат за животна средина со 80.7%, Државниот инспекторат за техничка инспекција со 94.25%, Државниот пазарен инспекторат со 72.53%, Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта со 82.32%, Управа за водење на матични книги со 94.04%, Дирекцијата за спасување со 82.87%, Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните со 80.52%, Инспекцискиот совет со 70.57%, Секретаријат за законодавство со 71.26%, СОЗР со 74.06%, Ревизорското тело за претпристапна помош со 71.61%, Државната комисија за одлучување во управна постапка од работни односи со 98.42% итн.
Најголем дел од институциите речиси повеќе од половина имаат незадоволително ниво, ни 50 отсто од планираните расходи капитално не ги инвестирале. Може да се согледа дека институциите во Македонија слабо трошат пари на реализирање на капитални инвестиции, иако истите се трајни добра кои им овозможуваат на граѓаните подобар живот. На почетокот на годината во првите три месеци процентот на реализација беше 8%, властите беа надежни дека паметните трошења ќе се размрдаат во втората половина од годината, но процентот од 39% за 8 месеци говори за недоволното вложување на мрзливите институции кои не знаат или немаат доволно проекти за да реализираат подобри услуги за граѓаните или да додадат вредност во економијата, тоа се должи пред се на економската стратегија на Владата или недостатокот од истата во справување со економската криза. Институциите се чини дека не умеат да создадат развој на економијата и придвижување на економските текови во нагорна линија во ситуација кога има слаба активност во стопанството и останати економски параметри кои не се на завидно ниво како длабокиот пад на БДП од 12,7% во вториот квартал.