Полска планира да забрани колење на животни за извоз по верски правила, а државата ќе им даде отштета на сите компании што ќе бидат опфатени со ваквата одлука, соопшти денеска член на владејачката партија во Парламентот.

Полска е еден од најголемите европски извозници на халал и кошер месо, со испораки од над 70.000 тони во 2017 година, главо во Израел и Турција, покажуваат статистичките податоци на Министерството за земјоделие.

Еврејските и исламските методи за колење вклучуваат сечење на гркланот на животното без тоа претходно да биде онесвестено.

Владејачката националистичка партија Закон и правда (PiS) сака да ја укине оваа пракса со пакет закони чија цел ќе биде подобрување на добросостојбата на животните, а според критичарите ќе послужи да се зголеми привлечноста на партијата пред гласачите на изборите во 2023 година.

По расправата во Парламентот што траеше цела ноќ, а на која ѝ претходеа протести на земјоделците во Варшава, одбиен беше амандманот за забрана за ритуално колење за извоз.

Ритуалното колење и понатаму ќе биде овозможено за пласман на месо на домашниот пазар.

Забраната за халал и кошер месо за извоз би можело да го чини полското стопанство 1,8 милијарди долари.

Измените на законот за одгледување на животни предвидуваат и забрана за одгледување животни за нивното крзно, забрана за користење на животните во циркус и засилување на надзорот врз стационарите.