Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу два трилиони долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. Документите покажуваат како криминални босови, руски олигарски но и финансиски измамници префрлувале милионски суми преку сметки во најголемите светски банки, кои пак од своја страна не ги известиле властите или ги известиле предоцна за да биде преземена акција иако имаат законска обврска да го сторат тоа во моментот кога ќе се посомневаат во сомнителни активности.
Таканаречените „датотеки на ФинЦен (FinCEN)“ содржат повеќе од 2.500 документи за трансакции што банките ги испратиле до американските власти во периодот од 2000 до 2017 година. ФинЦен е кратенка за мрежата за истражување на финансиски криминал во САД, која се состои од истражувачи вработени во централната банка и Министерство за финансии на САД каде банките треба да ги испратат пријава за секоја сомнителна трансакција дури и ако таа биле надвор од територијата на САД.
Документит покажуваат дека најголемата британска банка ХСБЦ им дозволила на измамници да префрлат повеќе милиони долари украдени пари низ целиот свет, дури и откако од американските истражители дознала дека станува збор за измама. Американската „Џеј Пи Морган“ и овозможила на една компанија да префрли над милијарда долари преку сметка во Лондон, за која подоцна се дознало дека е во сопственост на Семион Могилевич, познат како шеф на шефовите на руската мафија и еден од 10-те најбарани криминалци на ФБИ.
Голем дел од документите се поднесени од банки од Велика Британија, како Баркли и Стандард Чартер, поради што одделот за разузнавање на ФинЦЕН, Велика Британија ја проценил како „јурисдикција со поголем ризик“ како Кипар. Документите протекоа во „Базфид њуз“ и беа споделени со група истражувачки новинари од целиот свет, кои ги доставија до 108 новински организации во 88 земји.