Штедачи од Еуростандард банка кои имале над 30.000 евра во банката бараат државата целосно да ги обесштети, а потоа парите да си ги земе од стечајната маса. „Лопови“, „Нема правда нема мир“, „Вратете ги парите“, „Која е следна банка?“, се паролите кои ги носат на протестот што се одржа пред  Собранието. Тие бараат политичките парии со кои претходно комуницирале да го исполнат ветувањето и да донесат закон за нивно обесштетување.

Еуростандард банка е затворена на 12 август кога е покренат и стечај.

Преку Фондот за осигурување на депозити штедачите се обештетени до законската сума од 30.000 евра, додека 780 штедачи со поголеми заштеди , според законот, ќе треба да ги добијат парите од  стечајната маса.

Револтираните штедачи велат дека нема да престанат да протестираат и ако треба нема да се тргнат од пред Собранието се додека не им се одговори од барањето.