СН Осигурителен брокер АД Битола, во соработка со осигурителната компанија Евроинс АД Скопје, во рамите на својата понуда го има и доброволното приватно здравствено осигурување SN EUROHEALT. Овој нивни продукт всушност е направен специјално за македонскиот пазар.

„ Нашата компанија овој производ го нуди повеќе од 2 години, но од јуни оваа година интересот значително е зголемен. Претпоставуваме дека тоа се должи на актуената ситуација со пандемијата од COVID 19. Иако морам да напоменам дека нашето доброволно здравствено осигурување не ги покрива трошоците настанати во врска со вирусот COVID 19, но најверојатно целокупната ситуација влијае врз психологијата на луѓето и ги тера да размислуваат околу ова„- вели Емилија Десановска , продажен агент за SN EUROHEALT.

Со доброволното приватно здравсвено осигурување се покриваат трошоците за користење на здравствените услуги во рамките на СИТЕ приватни здравствени установи во Република Северна Македонија, без никакви ограничувања во однос на изборот на здравствената установа.

Со овој тип на здравсвено осигурување, опфатени се следните здравствени услуги:

Специјалистички прегледи

Основни дијагностички мерења и снимања

Лабораториски анализи и испитувања

Амбулантски интервенции

Амбулантска рехабилитација

Комплексни дијагностички постапки

Трошоци за лекови

Дневна болница и дневна хирургија

Дел од операции

Дел од стоматолошки интервенции

Посебена поволност на SN EUROHEALT., претставува тоа што со доброволното здравствено осигурување, опфатени се трошоци за породување, времето на престој во болница, нормално или со царски рез по медицинска индикација, трошоците од болничкото лекување поврзани со услуги од гинеколошка дејност, трошоци за болничко лекување на осигуреникот при спонтан абортус, болести и пореметувања на женскиот репродуктивен систем и болести и пореметувања на машкиот репродуктивен систем.

„ Би сакала да напоменам дека клиентите треба да прават разлика помеѓу доброволното здравствено осигурување и помеѓу животното осигурување кое секако е дел од нашата понуда. Договор за доброволно здрвствено осигурување клиентите склучуваат во траење од 1 година, а по истекот на таа година самите ќе одлучат дали истиот ќе го продолжат“- додава Десановска.

Од СН Осигурителен брокер, нудат дополнителна поволност за плаќање на рати и истото можат да го платат на 12 рати за само 515 денари месечно.

Успешниот тим на ова брокерско друштво, размислува во иднина да воведе и пакети во кои заедно со другите нивни производи би било вклучено и доброволното здравствено осигурување SN EUROHEALT, бидејќи како што велат -здравјето секогаш е на прво место.

За подетални информации можете да се обратите кај:

Емилија Десановска -Продажен Агент за SN EUROHEALT

тел : 075/ 807-225 [email protected]

Или на веб страната на СН Осигурителен брокер АД Битола www.snbroker.mk