Комерцијална банка АД Скопје известува дека овозможи нова услуга за клиентите правни лица кои користат кредитни производи во Банката.
Почнувајќи од 01.10.2020 година сите правни лица кои се корисници на Интернет банка може да поднесат барање за нов денарски и/или девизен кредит и денарска гаранција или барање за измена на веќе одобрени денарски и девизни кредити и/или денарски гаранции.
Со поднесувањето на барањето преку Интернет банката, истото ќе биде проследено за обработка до соодветните служби.