Американските потрошувачи позајмуваа помалку во август, со употреба на кредитни картички, како одраз на претпазливост во услови на рецесија предизвикана од пандемијата.

Федералните резерви објавија во средата дека вкупното задолжување падна за 7,2 милијарди долари, иако во јули се зголеми за 14,7 милијарди.

Овој пад е прв од мај месец, кога тој изнесуваше 12 милијарди долари поради стопирање на економијата предизвикана од епидемијата.

Падот на потрошувачката во август се должеше пред се на намалувањето на употребата на кредитни картички за 9,4 милијарди долари, шести месец по ред, почнувајќи од март кога падот беше 25,4 милијарди долари.

Сепак, трошоците за автомобилски кредити и студентски кредити се зголемија за 2,2 милијарди долари во август, четврти месец од растот по падот од 5,6 милијарди долари во април.

Задолжувањето на потрошувачите внимателно се следи за сигналите што може да ги испрати во врска со подготвеноста на домаќинствата да трошат, што претставува 70 проценти од американската економска активност.