Денес е последниот ден од „Викендот без ДДВ“ во кој може да се купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема, а за кои на граѓаните ќе им биде вратен целосниот износ на данокот на додадена вредност.
Оваа владина мерка започна во саботата (10.10.2020 година) и e дел од четвртиот пакет антикризни мерки во време на пандемијата на Ковид-19 вирусот.
На првиот ден, според податоците кои ги соопшти УЈП, прометот на македонски производи се зголемил тројно.
За да има целосен поврат на ДДВ за овие производи, сметките треба да се скенираат преку апликацијата „Мој ДДВ“ во рок од три дена, а повратот на парите ќе се реализира до крајот на октомври. Максималниот промет за кој едно лице може да го врати целосниот ДДВ за македонски производи и услуги и компјутерска опрема е 30.000 денари.