Германските банки треба да се подготват за ненадеен пораст на неликвидноста, бидејќи кризата со корона-вирусот ги турка послабите компании на работ и го доведува во прашање растот на вредноста на недвижниот имот во земјата, објави Бундесбанк.

Бидејќи дел од владиниот мораториум сега истече, централната банка на Германија соопшти дека несолвентноста на компаниите може да се зголеми за повеќе од 35 проценти до март следната година, на повеќе од 6.000 бизниси по квартал, ниво што не е забележано од 2013 година.

„Остриот економски пад ги зајакнува стравувањата дека бројот на несолвентни компании значително ќе се зголеми во наредните квартали“, предупредува Бундесбанк во својот годишен извештај за финансиската стабилност, проценувајќи дека растот на неликвидност ќе биде поголем во производствениот сектор отколку во услугите и градежништвото.

Влијанието врз банките може да биде ограничено затоа што најтешко погодената угостителска индустрија има учество од нешто помалку од два проценти во кредитното портфолио на домашните банки, во споредба со учеството од 23 проценти во секторите на недвижнини и градежништво.

Пандемијата на вирусот сепак може да биде проблем за германскиот пазар на недвижнини по повеќегодишен бум, додаде тој.

„Зголемувањето на невработеноста и бројот на несолвентни домаќинствата, исто така, може да резултира со зголемување на заостанатите долгови на станбените заеми, додека зголемувањето на несолвентноста на компаниите и намалената побарувачка за деловен простор може негативно да влијаат на пазарот на комерцијални недвижнини“, заклучи Бундесбанк.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк