Иако не сум поборник за приватизација на јавни добра и јавни ресурси, во овој случај сметам дека треба да има исклучок.

Ако, нека се продаде Македонската пошта – еве на словенците кои изразија заинтересираност во последен момент.

Што ќе донесат словенците? Ништо практично… Ќе воспостават систем кој функционира, и во кој не ќе може да се „креваат“ милиони евра пред избори. Систем во кој не ќе може да се заташкуваат овие криминали и систем кој ќе генерира профит. Практично без никакви вложувања. Ќе вложат само ум и знаење а ќе испумпуваат милионски профит.

Ако, нека го носат во Словенија, барем нека е чесно. А од друга страна имаме исто добивка, пред секои избори кога ќе сакаат ДУИ да ја активираат златната кокошка т.н. Македонска Пошта за свои цели и да активираат дебели милиони евра во нивното чекмеџе – единствено што ќе добијат е една словенечка аргета паштета која можат да ја отворат и да ја намачкаат на задниците на Западот кои внимателно ги лижат со децении. Вака ќе имаат вкус на словенечка „одабрана“ паштета, нема веќе мирис на тврди милиони евра – заеднички од сите нас – во нивниот џеб.

 

Наум Димитровски